Ѓорчев прогласи победа во Тетово: Од тука ја делегитимиравме власта, водство на ВМРО-ДПМНЕ 2:1 во однос на СДСМ

Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска од општинскиот штаб на Тетово прогласи убедлива на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ на изборите за општински совет, додавајќи дека власта на СДСМ и Ковачевски е делегитимирана од страна на граѓаните.

– Имаме убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, и имаме убедливо опозиционо антивладино расположение, изјави тој. Ѓорчев потенцираше дека на скоро сите избирачки места водството на ВМРО-ДПМНЕ е убедливо, на некои места двојно а на некои тројно, укажувајќи дека победата им е значајна на сите места подеднакво. Кога се ќе се собере кога сите досега населби, месни комитети, села, избирачки места ги ставиме на куп имаме ВМРО-ДПМНЕ 3100, СДСМ 1500. Повеќе од два спрема еден. И најважното, за Македонија. Ова е сигнал, ова е знак, ова е порака од Тетово која што порачува дека на нашата татковина Македонија и треба нова влада предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и треба на Македонија влада која ќе работи заедно со 50 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, наспроти 10 градоначалници од СДСМ и коалицијата, вели Ѓорчев.

Ѓорчев им се заблагодари на сите граѓани за поддршката, потенцирајќи дека на Македонија и е потребно премиер кој што ќе ги реши проблемите на граѓаните, а како што рече тоа е Христијан Мицкоски. Ни треба премиер енергетичар кој што ќе знае да ги реши проблемите кои што во моментот се најважни и во Европа и во Светот. Премиер енергетичар, експерт во делот на инфлација струја и сето она кое што го имаме како тешкотија наредните месеци. Македонија е во тешка ситуација, цените растат, владата е делегитимирана, владата е некомпетентна. Затоа нека се радува Македонија одиме чекор по чекор и не е лесно. Ѓорчев даде свој коментар за прогласување на победа на СДСМ од страна на Ковачевски во Центар Жупа, изјавувајќи дека апсурдно е Ковачевски да прогласува победа на место каде што има само еден кандидат. Зар не е апсурдно Ковачевски да прогласува победа во Центар Жупа со еден кандидат.