Ѓоковиќ 378-ма недела најдобар на светот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 378. недела на врвот на АТП листата и со тоа стана апсолутен рекордер во двете конкуренции.

Досега рекордот го држеше легендарната Германка, Штефи Граф со 377 недели.

На апсолутната листа трета е Мартина Навратилова со 322, а зад неа е Серена Вилијамс, која помина 319 недели како тенисерка број еден во светот.