Ѓоковиќ ја започна 405-тата недела на првото место на АТП листата

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ од Србија ја почна 405 недела на врвот на АТП листата.

Ѓоковиќ е на првото место со 11,245 поени, пред Шпанецот Карлос Алкараз (8,855), а трет е Данил Медведев (7,600).

Нема никакви промени во првата „десетка“, редоследно следуваат Јаник Синер, Андреј Рубљов, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Холгер Руне, Хуберт Хуркач и Тејлор Фриц.

Првиот светски рекет Ѓоковиќ моментно е на подготовки во Дубаи, пред првиот грен слен турнир следната сезона, „Австралија опен“, кој ќе се организира од 14 до 28 јануари 2024 година.

Првите турнири во новата сезона се во Бризбејн, Хонг Конг, како и „Јунајтед куп“.