Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ овој понеделник ја стартува 389-та недела на чело на АТП листата на најдобри професионални играчи во светот.
Ноле има 7.595 поени, исто колку и минатата недела откако триумфираше против норвешкиот Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос, а него го следи Карлос Алкараз со 7.175 поени.
На третото место е Данил Медведев, а потоа следуваат Каспер Руд, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Андреј Рубљов, Тејлор Фриц, Јаник Синер и Френсис Тиафо.
Токму појавувањето на американскиот тенисер е единствената промена во првите десет светски играчи, откако со 250 освоени поени во текот на минатата недела напредуваше за две позиции и со тоа го престигна Карен Хачанов.
Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски напрви нов огромен скок и сега е на 359. место на АТП. 19-годишниот Македонец минатата седмица беше на 409. позиција, а по освојвуањето на фјучрсот во Скопје собра голем број поени за историски пласман.