Ѓоковиќ ја започна 384-тата недела на врвот на АТП листата
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и натаму е прв на АТП листата објавена денеска, со што ја започна својата 384-та недела на врвот на светскиот тенис.
Ѓоковиќ е на првата позиција со 7.135 бодови, 105 помалку од минатата недела, односно има 365 бодови повеќе од второпласираниот Шпанец, Карлос Алкараз.
Водечкото дуо го следат Русинот Даниил Медведев и Норвежанецот Каспер Руд, кои ги заменија позициите и тоа е единствената промена во првите десет во светот.
До десеттата позиција се и Гркот Стефанос Циципас, рускиот тенисер Андреј Рубљев, Дејн Холгер Руне, Италијанецот Јаник Синер, Канаѓанецот Фелис Огер-Алиасиме и Американецот Тејлор Фриц.
Најдобропласиран македонски тенисер е 18-годишниот Калин Ивановски кој моментно е на 461. место на АТП листата.