
Ѓоковиќ се повлече од настап во Аделаида
„За жал, сè уште не сум физички подготвен да се натпреварувам во Аделаида следната недела. Разочарувачки е за мене, бидејќи имам убави спомени од освојувањето на титулата пред две години. Бев возбуден што ќе се вратам бидејќи таму се чувствувам како дома“, објави Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска дека нема да настапи на претстојниот АТП турнир во Аделаида бидејќи сè уште не е физички подготвен.
„За жал, сè уште не сум физички подготвен да се натпреварувам во Аделаида следната недела. Разочарувачки е за мене, бидејќи имам убави спомени од освојувањето на титулата пред две години. Бев возбуден што ќе се вратам бидејќи таму се чувствувам како дома“, објави Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Турнирот во Аделаида ќе се игра од 12 до 17 јануари и е подготвителен за првиот Грен слем турнир во сезоната, Австралија Опен (од 18 јануари до 1 февруари).
„Сега се фокусирам на подготовките за Австралија Опен и со нетрпение очекувам да дојдам во Мелбурн и да ги видам сите фанови во Австралија“, додаде Ѓоковиќ.