Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ денес славеше во четвртфиналето на Вимблдон против Русинот Рубљов со 3:1 во сетови и успеа да си обезбеди полуфинале на неофицијалното Светско тениско првенство.
На Новак му се отвора патот до нова титула на најславниот тениски гренслем турнир во светот. Ако триумфира во Британија, тоа ќе е осми грен слем за него таму, или 24-ти вкупно во кариерата.
Победата над Рубљов му беше 33-та по ред на Вимблдон.
Првиот сет го доби Русинот со 6:4 во гемови, ама тоа само како да го разлути Србинот. Потоа го започна својот танц и ги доби сите три наредни сета, со 6:1, 6:4 и 6:3.
Во полуфиналето противник ќе му биде Италијанецот Јаник Синер, кој денеска исто така играше четири сета и стигна до своето прво полуфинале на овој грен-слем турнир.