Ѓоковиќ падна од првата позиција на АТП листата, сега таму пак е Медведев

Српскиот тениски ас – Новак Ѓоковиќ на новата тениска АТП листа не е повеќе прв светски рекет. Неговото владеење завршува со рекордни 373 недели на чело на престижната листа.

Сега лидерското место повторно го зазема Русинот Данил Медведев, кој ја започнува четвртата недела на врвот на АТП листата. Рускиот тенисер има 7.950 бода, а Германецот Александер Зверев првпат во кариерата е втор во светот – со 7.075 бода.

Трет е Ѓоковиќ со 6.770, а на четвртото место е освојувачот на овосезонските Австралија Опен и Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал со 6.525 бодови.

Голем скок на АТП имаше финалистот од Париз, Норвежанецот Каспер Руд кој е на петта позиција со 5.050 бода.

Првата 10-ка ја заокружуваат Стефанос Циципас, шести со 4.945, Карлос Алкараз (4.893), Андреј Рубљев (4.125), Феликс Оже-Алиасим (3.895) и Матео Беретини (3.570).