Ѓоковиќ: Не се гледам себеси како фаворит на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска по поразот во полуфиналето на АТП турнирот во Женева изјави дека не се гледа себеси како фаворит на Ролан Гарос.

Денеска во полуфиналето на турнирот во Женева, Ѓоковиќ беше поразен од Чехот Томаш Махач со 6:4, 0:6, 6:1.

„Секако дека сум загрижен. Воопшто не играв добро оваа година, освен неколку натпревари тука и таму. Така е. Не се гледам себеси како фаворит во Париз. Ќе одам да се натпреварувам меч по меч. Немав баш одлична вечер, денеска беше тешко. Се чувствував ужасно во првиот дел од натпреварот“, изјави Ѓоковиќ.