Ѓоковиќ нема да игра на мастерс турнирите во САД

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ официјално се повлече од Мастерс турнирот во Индијан Велс, а нема да игра ни на оној во Мајами, што следува веднаш потоа.

Србинот се повлече бидејќи во САД и натаму е на сила одлуката дека странците што не се вакцинирани против корона вирусот, не можат да влезат во државата. Одамна е познато дека Ѓоковиќ одби да се вакцинира за што не доби изземање и дозвола за влез, а неговото место ќе го пополни Николоз Басилашвили од Грузија.

Ѓоковиќ во петокот загуби во полуфиналето од турнирот во Дубаи, а на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами не играл од 2019 година.

Првиот од нив почнува денеска и ќе трае до 19 март.