Ѓоковиќ купил данска фирма која бара лек против коронавирус

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена купиле 80% од акциите на данска компанија која е во потрага по лек против Ковид, јавува „Ројтерс“.

Информациите се дека од извесната компанија „KvantBioRes“ Ѓоковиќ поседува 40.8% од акциите, а неговата сопруга – Јелена има 39.2%.

Компанија имала 11 научници кои работат во Словенија, Данска и Австралија на третман против ковид-19, а не на вакцина.

Целта на оваа компанија е да се најде начин да се спречи заразувањето на човечките ќелии, а клиничките испитувања ќе започнат на лето и тоа во Велика Британија.

Непознаница е колку семејството Ѓоковиќ одвоило за мнозинскиот дел од акциите на компанијата.

Ова доаѓа непосредно откако Новак Ѓоковиќ периодов беше на удар на австралиската јавност бидејќи не е вакциниран против коронавирус и во земјата влезе со виза за медицинско изземање кое му го дадоа две независни лекарски комисии, таа на Австралија Опен и на сојузната држава Викторија.

Сепак, федералната влада му ја укина визата по што тенисерот се жалеше пред судот и го доби тој спор, но министерот за имиграција Алекс Хок го искористи своето дискреционо право и повторно му ја укина визата.

Адвокатскиот тим на Ѓоковиќ поднесе жалба, но овој пат спорот се пресели во сојузниот суд каде тројца судии едногласно ја потврдија одлуката на министерот да му се укине визата на Ѓоковиќ и да биде протеран од Австралија.