Ѓоковиќ и понатаму е втор тенисер во светот, Синер е прв на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа второто место на најновата АТП листа што беше објавена денеска, додека прв и понатаму е Италијанецот Јаник Синер.

Италијанецот е на првото место на АТП листата со 9.360 бодови, додека Ѓоковиќ е втор со 7.460.

Шпанецот Карлос Алкараз и натаму е трет тенисер во светот со 7.360 поени, а го следат Германецот Александар Зверев и Русинот Даниил Медведев.

Рускиот тенисер Андреј Рубљев е шестиот играч во светот, а потоа следат Полјакот Хуберт Хуркач, Норвежанецот Каспер Руд, Бугаринот Григор Димитров и Австралиецот Алекс де Минор, пренесува Танјуг.

Следната АТП листа ќе биде објавена за две недели по завршувањето на УС Опен што денеска започнува во Њујорк.