Новак Ѓоковиќ вчера го победи Станислав Вавринка и така се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, а со оваа победа српскиот тенисер израмни и рекорд стар 29 години.
Ѓоковиќ оваа сезона скоро и да е непобедилив кога игра тај-брејкови, па и против Вавринка имаше сет кој го доби во тај-брејк. Последниот сет Ѓоковиќ го освои со 7:5 (5:3)
Српскиот тенисер стигна до 12 добиени тај-брејкови во низа на големите турнири во една година.
Така се изедначи со Сампрас на кого тоа му успеа во 1994 година. Освен тоа Ѓоковиќ дојде до 31 победа во низа на Вимблдон и на оваа листа е трет, пред него се Бјерн Борг со 41 и Роџер Федерер со 40.
Во следниот меч, Ѓоковиќ ќе се сретне со Хуберт Хуркач.
12 – Novak Djokovic is now the player with the most consecutive Grand Slam tie-breaks won in a single year in the Open Era (12, level with Pete Sampras in 1994). What?!#Wimbledon | @Wimbledon @the_LTA @atptour pic.twitter.com/LT399t1OOB
— OptaAce (@OptaAce) July 7, 2023