Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ без проблеми ја стартуваше одбраната на титулата на последниот гранд-слем турнир во сезоната, американскиот УС опен.
Србинот во првото коло на убедлив начин со максимални 3-0, по сетови 6-2, 6-2 и 6-4 славеше над молдавскиот квалификант Раду Албот.
Во второто коло Ѓоковиќ за противник ќе го има својот сонародник, Ласло Ѓере кој во маратонски меч беше подобар од Германецот, Жан-Ленард Штруф со 3-2 (6-7, 6-1, 6-7, 6-4 и 6-2).
Изненадувачки крај на УС опен доживеа, Данецот Холгер Руне кој со максимални 3-0 беше поразен од домашниот тенисер, Брендон Накашима.
Кај девојките пласман во второто коло обезбеди и ланската финалистка, Арина Сабаленка која на стартот со максимални 2-0, 6-3 и 6-3 беше подобра од Австралијката, Присилија Хон.