Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-4) се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен без борба, откако неговиот противник во осминафиналето Јакуб Меншик од Чешка се повлече денеска од турнирот во Мелбурн поради повреда.

Осминафиналниот дуел меѓу Ѓоковиќ и Меншик беше закажан за в понеделник.

Меншик објави на социјалните мрежи дека се повлекува поради повреда на стомачниот мускул, која се влошила за време на претходните натпревари.

Чешкиот тенисер додаде дека е разочаран, бидејќи оваа година во Мелбурн стигна до четвртфиналето за прв пат во својата кариера и им се заблагодари на својот тим и навивачите за поддршката.

Ѓоковиќ, кој се обидува да ја освои својата 11. титула на Австралија опен, ќе игра во четвртфиналето против победникот од пресметката меѓу Американецот Тејлор Фриц и Италијанецот Лоренцо Мусети.