Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, денеска изјави дека на 2 јуни нема да има избори во Белград, бидејќи тоа за што зборува власта не се избори.
ССП соопшти дека Ѓилас за ТВ Н1 изјавил дека „во Резолуцијата на Европскиот парламент со 90 отсто од гласовите „За“, Европа кажа што мисли за таканаречените „избори во Србија“ и дека тука се и препораките и од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР).
Тој додаде дека не може прво да се распишат избори, па дури потоа да се почне со спроведување на препораките.
Запрашан што значи тоа дека нема да има избори, тој рече дека тоа значи дека за опозицијата тие избори не постојат.
-Како ќе се бориме против тие „избори“ ќе биде прашање што ќе го договориме заедно во рамките на коалицијата „Србија против насилство“ и коалицијата „НАДА“, а се надевам и со некои други вонпарламентарни организации, како и со некои организации во кои има различни интелектуалци чии зборови имаат тежина и кои со својата работа и кариера во животот заслужуваат да бидат слушнати од луѓето, рече Ѓилас.
Опозицијата, како што рече, излезе со барања, а едно од нив беше одржување избори во исто време и никогаш не го спомнувале 2 јуни, туку тоа е датумот што го одредила власта.
-Кога ја започнавме приказната пред еден месец, мислевме дека има доволно време до 2 јуни. Денес мојот став и ставот на мојата партија, а и на мнозинството од коалицијата „Србија против насилството“ е да 2 јуни не доаѓа предвид, бидејќи нема можност, а веќе се распишани изборите во Белград, сето ова да се спроведе, рече Ѓилас.
Според него, сегашната ситуација може да се реши со донесување на Lex specialis (специјален закон), кој ќе ги помести сите избори за октомври, „а тоа власта веќе го понуди за сите освен за белградските“.
Тој закон, додаде, ќе даде доволно време да се применат препораките на ОДИХР и да се види дали е навистина така или тоа само се ветува.