📸Шумски пожар во Грција во близина на граничниот премин Богородица

Шумски пожар избувна во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна, преминот е затворен, превентивно и привремено, најверојатно поради чадот.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.

Извори од противпожарната служба на Грција за МИА велат дека пожарот е во тек и е во непосредна близина на границата.