
Шукова најавува нов саем: Скопје е град со огромен неискористен потенцијал
Според Шукова, која денеска со кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ – Влатко Митовски на плоштадот во Автокоманда ја претставија визијата за Градот и општината, во фокусот ќе им биде изградба на модерен Конгресен центар кој, како што рече, ќе го отвори Скопје кон светот и ќе го постави на мапата на меѓународни конгресни дестинации.
Главниот град на државата се подготвува за значајна урбана трансформација преку серија инфраструктурни проекти, кои според кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова, имаат за цел да го позиционираат Скопје како модерен, поврзан и функционален град.
– Скопје е град со дух, со историја, но и со огромен неискористен потенцијал. Нашата визија е Скопје да се развива паметно, плански и храбро со јасни цели и вистински проекти што носат промена, истакна Шукова.
Според Шукова, која денеска со кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ – Влатко Митовски на плоштадот во Автокоманда ја претставија визијата за Градот и општината, во фокусот ќе им биде изградба на модерен Конгресен центар кој, како што рече, ќе го отвори Скопје кон светот и ќе го постави на мапата на меѓународни конгресни дестинации.
– Станува збор за економски, туристички и културен ресурс што ќе го постави нашиот главен град на мапата на конгресни дестинации. Со Конгресниот центар, Скопје може да биде домаќин на големи меѓународни конференции, научни и професионални собири и културни настани. Тоа значи дека Скопје нема да губи настани и инвестиции, нагласи Шукова.
Паралелно, се најавува и проектот за нов Скопски саем во општина Гази Баба, кој ќе ја добие улогата на регионален центар за иновации, туризам и домашна индустрија.
– Саемот ќе има модуларни хали, конференциски сали, културни и комерцијални содржини, простор за мали и средни претпријатија, за домашна индустрија и за креативни сектори. Овој проект отвора нови пазари, ги поврзува локалните производители со странски партнери, и создава услови младите да останат и да работат токму тука во Скопје, појасни Шукова.