Шукова: Дебакл на „кошничките“ на власта, милиони евра извлечени од џебовите на граѓаните

Наместо намалување на цените и достапни производи, милиони евра се извлечени од џебовите на народот преку таканаречените „кошнички“, изјави Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.

Наместо намалување на цените и достапни производи, милиони евра се извлечени од џебовите на народот преку таканаречените „кошнички“, изјави Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.

-Основните производи поскапеа наместо да поевтинат и станаа луксуз за граѓаните, власта дозволи буквално грабеж. Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност, токму пред новогодишните празници. Прашањето е – што им должеше Мицкоски на трговците за да дозволи ваква пљачка врз грбот граѓаните? Само за шест месеци од оваа влада, животот на граѓаните се влоши драматично – рече Шукова.

Според неа, премиерот Христијан Мицкоски се грижи за елитата и бизнис-интересите, додека, како што вели, народот плаќа висока цена.