Штрајк на пилотите на Луфтханза

Започна тридневен штрајк на пилотите на подружницата на Луфтханза Еуровингс. Бараат повисоки плати и подобри услови за работа.

И покрај протестот, ќе бидат реализирани повеќе од 230 од планираните 400 летови на Еуровингс, објаснуваат од компанијата.

И додаваат дека во следните два дена од штрајкот ќе оперираат голем дел од летовите.

Во последните 2 недели ова е втор протест на пилотите на Eurowings.

Според нивниот синдикат, нискобуџетната компанија Луфтханза не добила конструктивна понуда за продолжување на преговорите.