Штрајкуваат просветните работници во речиси 160 училишта во Црна Гора

Просветните работници во речиси 160 училишта во Црна Гора денеска започнаа штрајк, откако не беше постигнат договор меѓу Синдикатот за образование и Министерството за образование за зголемување на платите.

– Од нас беше побарано да го одложиме штрајкот, но тоа не можеме да го направиме, немаме мандат како преговарачки тим да го одложиме штрајкот, изјави претседателот на Синдикатот за образование, Радомир Божовиќ, пренесува РТЦГ.

Тој додаде дека градинките ќе работат редовно и дека работата во тие институции на крајот ќе се скрати за само еден час.