Нови дојави за бомби почнаа да пристигнуваат во раните утрински часови, а мета биле неколку основни и средни училишта, како и една градинка, пренесе „Данас.рс“.
По основните училишта утринава почнаа да пристигнуваат дојави за бомби и во градинките, а тоа се случува за прв пат.
Нешто пред 7 часот родителите на децата кои одат во градинката „Фица“ во Врачар добиле известување да не ги носат децата, бидејќи пристигнала анонимна дојава за поставената бомба, јавува РТС.
Утрово децата од десетици основни училишта се вратени поради дојави за бомби. Пристигнаа пријави во ОУ „Стеван Синѓелиќ“ во Звездара, ОУ „Дринка Павловиќ“ и ОУ „Драган Лукиќ“.
– Пристигнаа пријави во десетици училишта, екипи за контрадиверзија се веќе на терен – велат од МВР за Телеграф.рс.