Што се значела Југославија во светот – Фицо во Бразил претставен како нејзин премиер

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, кој неодамна беше во прва официјална посета на Бразил, беше претставен како премиер на Југославија, држава која повеќе децении не постои.

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, кој неодамна беше во прва официјална посета на Бразил, беше претставен како премиер на Југославија, држава која повеќе децении не постои.

Поради здравствените проблеми на претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, Фицо бил пречекан од потпретседателот Гералдо Алкмин.

Според Блумберг, Алкмин за време на свечениот ручек го поздравил Фицо како премиер на Југославија.

– Првпат премиер на Југославија го посетува Бразил и ние сме среќни и почестени, изјави Алкмин.

Фицо, не изреагирал на грешката на потпретседателот на Бразил.