Што е црвената супстанца со која се гаси во Лос Анџелес?
Она што го привлече вниманието на граѓаните беа токму средствата кои ги користат пожарникарите и другите служби во борбата против пожарите, а многумина се фокусираа на црвениот прав што се посипува од авионите на подрачјата зафатени од пожарот.
Пожарникарите во Лос Анџелес со денови се борат со пожарите кои за многу краток временски период уништија бројни делови на периферијата на овој град и го загрозуваат самиот центар на американскиот Град на ангелите.
Она што го привлече вниманието на граѓаните беа токму средствата кои ги користат пожарникарите и другите служби во борбата против пожарите, а многумина се фокусираа на црвениот прав што се посипува од авионите на подрачјата зафатени од пожарот.
„Тоа е првенствено производ наречен Phos-Chek што го продава компанијата Perimeter. Шумската служба го користи со децении. Тоа е еден од само двата производа што службата ги одобри за воздушна употреба“, рече професорот по инженерство за животна средина, Дениел МекКари.
Како што истакнува професорот, целта на „црвениот прав“ што се ослободува е да го успори огнот.
„Тоа е во основа мешавина од вода и ѓубриво. Основата на супстанцијата е амониум-фосфатното ѓубриво“, изјави професорот.
Кога станува збор за самиот процес на забавување на огнот, кога течноста ќе се попрска на земја, доаѓајќи во контакт со целулозата, таа ја троши топлинската енергија од огнот и произведува незапалив јаглероден материјал.
„За разлика од водата или пената за гаснење пожар, средството за заштита од пожар не е наменето да се нанесува на работи кои веќе горат. Наместо тоа, се користи за создавање хемиско распаѓање на огнот: кога црвениот прав ќе ја натопи вегетацијата, тие растенија нема да се запалат“, пишува LA Times.
Суштината на посипувањето е тоа што не се користи толку во областите каде што е активен пожарот, туку во околните области.
Општо земено, таквите забавувачи на пламен имаат лепливи својства.
„На растенијата останува привремено. Исчезнува по неколку недели изложување на сончева светлина. Пробавме жолта, бела, сина, секоја друга боја што може да ви текне, а црвената е отприлика единственото нешто што можете да го видите“, рече Едвард Голдберг извршниот директор на компанијата задолжена за производство на овој прав.
Интересно е тоа што Phos-Chek, средство за забавување пожари, се произведува во Калифорнија, во фабрика каде што работат од 30 до 40 луѓе на неговото производство.
За прв пат оваа супстанца е употребена во 1962 година, а брендот Phos-Chek ѝ припаѓал на компанијата Monsanto сѐ до 1998 година, кога сопственоста била пренесена на компанијата Solutia.
Во 2018 година, приватната компанија SK Capital ја презеде сопственоста и го преименуваше погодот во Perimeter Solutions.