Штипјанец со возилото се обидел да прегази полицаец

МВР информира дека вчера во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Љ.Д.(44) и Ш.Д.(54), двајцата од Штип, затоа што Љ.Д. се обидел со патничко возило „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки да удри полициски службеник, а Ш.Д. се однесувал агресивно и ги попречувал полициските службеници при преземање на службени дејствија.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.