Штетата од пожарот во Лос Анџелес се проценува на 275 милијарди долари

Вкупните штети и економски загуби предизвикани од шумските пожари во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари, објави денеска метеоролошката компанија Accuweather.

Вкупните штети и економски загуби предизвикани од шумските пожари во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари, објави денеска метеоролошката компанија Accuweather.

Прелиминарните проценки го надминуваат обемот на штетите од сезоната на пожари во 2020 година, изјави главниот метеоролог на фирмата, Џонатан Портер, предупредувајќи дека шумските пожари во областа на Лос Анџелес би можеле да станат најлошите во модерната историја на Калифорнија доколку изгорат повеќе згради, објави ТВ мрежата NBC.

Во исто време, некои од најскапите недвижнини во САД се наоѓаат токму на потегот од Малибу до Санта Моника, а многу куќи во таа област вредат неколку милиони долари.

Доколку тие проценки се потврдат, обемот на штетата ќе ги надмине загубите предизвикани од ураганот Хелена во 2024 година, кои беа помеѓу 225 и 250 милијарди долари, и оние предизвикани од шумските пожари во Мауи во 2023 година, кои беа проценети помеѓу 13 и 16 долари. милијарди, според NBC.

Во пожарите во областа Лос Анџелес досега загинаа најмалку 24 лица, а десетици се водат како исчезнати.