Штекли ја покажа прострелната рана по пукањето во Ист Гејт

Раде Трајковски – Штекли на својот профил на Инстаграм сподели фотографија од прострелна рана со која се здоби по нападот во Ист Гејт мол.

Штекли долго време се лекуваше во една од болниците од Клинички центар „Мајка Тереза“.

Од МВР во меѓувреме нема детали за оваа пресметка која ја загрози сигурноста на граѓаните во шопинг центарот. Нема ниту осомничени, ниту уапсени.

„Благословен сум“, „Една од петте“ и „Бог ги сака храбрите“, напиша Штекли на фотографијата на Инстаграм.

Над Штекли на истото место беше пукано и во август годинава, но тогаш помина полесно.