Шпански политичар застрелан во глава

Политичарот Алехандро Видас Квадрас (78) е застрелан во лице денеска во Мадрид, соопшти полицијата.

Поранешниот шеф на шпанската Народна партија во регионот на Каталонија бил застрелан во богатата област Саламанка во центарот на Мадрид околу 13:30 часот, јавува Ројтерс.

Веднаш бил пренесен во болница.

Како што пренесува Телеграф, полицијата го опколила местото каде што се пукало. Се уште никој не е уапсен, соопшти полицијата.