
Шпанија ќе исплати 20 милиони евра отштета на жртвите од сударот на брзиот воз
Шпанија ќе исплати 20 милиони евра отштета на жртвите од сударот на брзиот воз на 18 јануари во Адамуз, во кој загинаа 45 лица, а повеќе од 150 беа повредени, изјави денеска шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте.
Шпанија ќе исплати 20 милиони евра отштета на жртвите од сударот на брзиот воз на 18 јануари во Адамуз, во кој загинаа 45 лица, а повеќе од 150 беа повредени, изјави денеска шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте.
Семејствата на загинатите ќе добијат по 216.000 евра во рок од најмногу три месеци, сума што се состои од 72.000 евра помош од владата ослободена од данок и аванс од осигурувањето од 72.000 евра, пренесува „Ел Паис“. Како што се наведува, уште 72.000 евра ќе бидат исплатени од задолжителното патничко осигурување на патниците.
– Знаеме дека вообичаените процедури и законски рокови не соодветствуваат секогаш со виталната итност на ваква трагедија, рече Пуенте, додавајќи дека жртвите не можат да си дозволат да чекаат со години за да добијат поддршка. Според него, исплатите за повредените ќе се движат од 2.400 евра до 84.000 евра.
Пуенте е под притисок на јавноста по несреќата во Адамуз и другите инциденти истата недела, вклучувајќи ја и смртта на машиновозач во Каталонија и две други несреќи без смртни случаи, оценува „Ел Паис“. Главната опозициска Народна партија побара негова оставка. Пуенте изјави дека има мирна совест, дека си ја врши работата најдобро што може и дека се труди на граѓаните да им ги соопшти сите достапни информации.