Шпанците ја добија пенал драмата против Хрватска и се радуваат на трофејот од Лигата на нации, Лука Модриќ остана без трофеј со коцкестите, а беше многу блиску до тоа, натпреварот по 120 минути беше 0-0.
Шпанија и Хрватска водеа голема битка во финалето од Лигата на нации иако немаше погодоци дури и по продолженијата. Натпреварот беше изедначен, двете селекции имаа свои периоди и свои можности за гол, но мрежите не се тресеа. Пеналите го одлучуваа победникот.
Во првите три серии од пенал рулетот и двете селекции постигнаа голови, Влашиќ, Брозовиќ и Модриќ кај Хрватска, Хоселу, Родри и Мерино кај Шпанците.
Хрватите промашија во четвртата серија, Симон го одбрани ударот на Мајер, Асенсио погоди за предност на Шпанија.
Во петтата серија Перишиќ даде гол за Хрватска, а Лапорте кој можеше да ја донесе победата ја погоди пречката, па се изведуваше и шеста серија.
За жал на Хрватите, Петковиќ не реализираше, Симон го одбрани и неговиот удар, Карвахал погоди со паненка и донесе победа на Шпанија и трофеј во Лигата на нации.