
Шпанија го освои златото на Светското првенство во ватерполо
Шпанската ватерполо репрезентација е победник на турнирот во ватерполо на Светското првенство во водени спортови во Сингапур.
Шпанската ватерполо репрезентација е победник на турнирот во ватерполо на Светското првенство во водени спортови во Сингапур.
Во финалето, попладнево шпанската репрезентација ја победи унгарската репрезентација со резултат од 15:13.
За Шпанија, ова е четврта победа на Светските првенства во историјата.
Исто толку трофеи на Мундијалите имаат и Унгарија и Италија.
Во мечот за третото место, Грција ја победи Србија со 16:7.