Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска соопшти дека руските сили во текот на ноќта одбиле обид за напад на украинските сили да ја пробијат линијата на фронтот во областа Запорожје.
Според новинската агенција Интерфакс, Шојгу рекол дека четири одделни украински напади долж фронтот биле запрени и дека киевските сили биле принудени да се повлечат со големи загуби.
Тој изјави дека украинските војници изгубиле до 350 луѓе, 11 борбени возила на пешадија и 30 тенкови за два часа борби.
„Извидувачките сили го открија непријателот навремено, извршија превентивни артилериски и авијациски напади и употребија противтенковско оружје“, рече Шојгу.