Шојгу: Западот сака да ја раздели Русија на десетици мали држави

„Денеска постои силен надворешен притисок врз Русија и нашето општество. Против нас е започната моќна антируска пропагандна кампања. Нападите врз нашата историја, култура и духовни вредности не престануваат, како и обидите да се создаде расцеп во единството и братството на народите на нашата земја и на Заедницата на независни држави“, рече Шојгу, пренесен од руските медиуми.

Секретарот на рускиот Советот за безбедност, Сергеј Шојгу, изјави дека целта на „колективниот Запад“ е да ја подели Русија на десетици мали држави со цел да ја потчини на својата волја и да ја искористи во свои интереси.

„Денеска постои силен надворешен притисок врз Русија и нашето општество. Против нас е започната моќна антируска пропагандна кампања. Нападите врз нашата историја, култура и духовни вредности не престануваат, како и обидите да се создаде расцеп во единството и братството на народите на нашата земја и на Заедницата на независни држави“, рече Шојгу, пренесен од руските медиуми.

Тој истакна дека противниците на Русија погрешно веруваат дека нејзината мултинационалност е слабост и дека „упорно се обидуваат да ја разединат земјата“ со цел да ја десуверенизираат Русија.