„Разговорите за пристапување на Албанија и Северна Македонија во Европската Унија треба да почнат што е можно поскоро бидејќи секое одложување ќе го направи Западен Балкан ранлив на надворешно влијание“. Ова е ставот на германскиот канцелар – Олаф Шолц искажан денеска.
„И за Германија и за Шведска е јасно дека ЕУ мора да продолжи со институционалните реформи за да се направи способна за проширување“ – рече Шолц на прес-конференцијата по средбата со шведската премиерка – Магдалена Андерсон.