Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Украина не го консултирала Берлин за упадот во руската област Курск на 6 август и дека очекува воената операција да биде ограничена временски и територијално.
– Украина тајно и без повратна информација ја подготви својата воена операција во областа Курск. Ова е многу ограничена операција во однос на просторот и веројатно и во однос на времето, рече Шолц на прес-конференција по разговорот со молдавската претседателка Маја Санду во Кишињев, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека Берлин внимателно го следи понатамошниот развој на настаните околу украинскиот упад на руска територија.
Украинските лидери го поздравија нападот како доказ дека нивната војска сè уште може да успее во офанзивните операции и дека сè уште може да изненади.
Тој исто така рече дека Германија ќе продолжи да биде „најголемиот поддржувач“ на Украина во Европа.