Олаф Шолц – канцеларот на Германија изрази сомнеж дека претседателските советници целосно го информираат претседателот Владимир Путин за ситуацијата во Украина.
Шолц нагласува дека е убеден дека „рускиот претседател не е добро информиран“ и дека „неговите служби кријат многу од него“.
„На пример, колку руски војници загинале во оваа војна“ – пишува Шолц.
Слична изјава даде и шефот на британската разузнавачка агенција GCHQ, кој вчера рече дека советниците на Путин се плашат да му ја кажат вистината.
Слични коментари дадоа и американските власти вчера, повикувајќи се на своите разузнавачки информации.
„Путин почувствува дека е измамен од руската војска“ – рече Шолц, додавајќи дека тоа предизвикало тензии меѓу лидерот на Кремљ и военото раководство.
Шолц истакна дека Русија не може да излезе како победник, без разлика како ќе заврши конфликтот.
„Оваа војна не само што ја уништува Украина, туку и иднината на Русија“, рече тој.