Шолц повторно ја критикува надворешната политика на Трамп

Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно упати критики за надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно упати критики за надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во интервју за германската медиумска група Redaktionsnetzwerk Deutschland (RND), објавено денеска, Шолц го критикува предлогот на Трамп – воената помош за Украина да биде поврзана со пристапот до суровините на земјата, пренесува ДПА.

– Украина е нападната и [Германија] помага без очекувања дека за тоа ќе и биде платено подоцна. Тоа треба да биде став на сите, рече Шолц.

Таквото барање „би било многу себично, многу егоцентрично“, смета Шолц, повторувајќи го ставот искажан и по неформалниот самит на ЕУ во Брисел.

Шолц, исто така, го критикуваше Трамп за заканата дека ќе воведе царини за увоз од Европската унија.

– На глобалната економија и требаат помалку трговски бариери, не повеќе. Доколку дојде до тоа, Европската комисија може да реагира во рок од неколку часа, рече германскиот канцелар.

Шолц нагласи дека ќе продолжи да прави се што е во негова моќ за да одржи добри односи со Вашингтон, нагласувајќи дека САД се најважниот сојузник на Германија.

Но, како канцелар на најголемата економија на ЕУ, вели дека гледа „дда застена исправено“, на пример како во случај кога помала земја како Данска е предизвикана во однос на заканите на Трамп да го окупира Гренланд.