Шолц: Не смее рускиот народ да се поистоветува со Путин!

Канцеларот на Германија – Олаф Шолц предупреди дека Русија и рускиот народ не смеат да се поистоветуваат со претседателот Владимир Путин.

„Не беше рускиот народ тој кој ја донесе фаталната одлука да ја нападне Украина. Оваа војна е војна на Путин. Оваа разлика е важна. Важно е да не се загрози помирувањето меѓу Германците и Русите по Втората светска војна“ – рече Шолц.

Тој рече и дека сето тоа е важно за заедничкиот живот со Русите и Украинците во Германија.

„И важно е да им покажеме една работа на храбрите Руси кои излегуваат на улиците под голем личен ризик за да протестираат против агресивната војна на Путин: Вие не сте сами. Ние сме со вас“ – рече Шолц.