Шолц: Несреќата во регионот на Киев е огромна цена што Украина ја плаќа во војната

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја оцени денешната несреќа во Украина, кога хеликоптер удри во зграда во градинка, како „огромна цена што Украина ја плаќа во војната“.

„Нашите мисли на овој тажен ден се со семејствата на жртвите и повредените и со украинскиот претседател Зеленски, кој денеска остана без министер за внатрешни работи“, напиша Шолц на Твитер.

Во падот на хеликоптер во Киевската област загинаа министерот за внатрешни работи на Украина Денис Монастирск и неговиот прв заменик, соопшти полицијата, а пренесува агенцијата РИА Новости, додека во леталото биле пронајдени девет мртви лица.