Kанцеларoт на Германија – Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, денеска, по завршувањето на дводневната средба на врвот на седумтте најразвиени економии во светот изјавија дека руските планови во Украина ќе пропаднат.
Шолц рече дека санкциите ќе завршат кога Путин ќе прифати дека неговите планови за Украина ќе пропаднат.
„Постои само еден излез за Путин, а тоа е да прифати дека неговите планови за Украина ќе пропаднат“ – рече тој.
Нагласи дека лидерите на Г7 сакаат Русија да ја плати максималната цена за инвазијата на Украина.
„Г7 останува обединета во поддршката на Украина, рече Шолц. „Ќе продолжиме да ја одржуваме и зајакнуваме економската и политичката цена што Путин и неговиот режим мора да ја платат“ – смета Шолц.
Макрон, пак, изјави дека Русија има само една цел, а тоа е Украина да се предаде, но дека Москва нема да ја добие војната.
„Русија не може и не смее да победи во војната во Украина, а санкциите ќе траат колку што е потребно“ – рече Макрон.