Шолц: ЕУ цврсто стои на страната на Украина

Канцеларот Олаф Шолц денеска пред германскиот парламент истакна дека Европската Унија е обединета во својата поддршка за Украина, пренесува „Гардијан“.

Германскиот канцелар додаде, очигледно алудирајќи на Унгарија, дека обидите за поткопување на вредносните на Унијата со блокирање на нејзините надворешнополитички мерки нема да успеат.

„Секој што мисли дека може да ги поткопа вредностите на ЕУ, на кои се обврза секоја земја членка, со блокирање на нејзината надворешна и безбедносна политика, ќе соочи со неуспех“ – порача Шолц пред пратениците во Бундестагот.

Претходно оваа недела Будимпешта ги повлече своите приговори во врска со заемот на Европската Унија за Украина откако ЕУ делумно ја одмрзна финансиската поддршка за Унгарија, објави Ројтерс.