Шолц: Германија повеќе не зависи од руските извори на енергија

Германскиот канцелар Олаф Шолц тврди дека Германија се ослободила од зависноста од руските енергетски резерви.

„Драго ми е што на европско ниво успеавме да постигнеме договор за намалување на потрошувачката на гас за 15 проценти. Ова е силен сигнал за европската солидарност, и кон нашата земја, која досега беше особено зависна од рускиот гас“ – изјави Шолц во Бундестагот.

„Забележувам, таа беше (зависна). Се ослободивме од оваа зависност и добро подготвени влегуваме во зима“ – смета канцеларот.

Воедно им се заблагодари на граѓаните за заштедата на енергија.

„Заедно имаме за цел да ја намалиме потрошувачката на гас за 20 проценти. Секој киловат-час што го заштедуваме ја зголемува нашата енергетска безбедност“ – рече Шолц.