Шолц: Германија е зависна од увоз на гас, нафта и јаглен од Русија

Олаф Шолц – канцеларот на Германија денеска изјави дека увозот на енергенси од Русија е клучен за секојдневниот живот на европските граѓани и оти во моментот континентот не може да ги обезбеди на друг начин.

„Додека во САД и во ЕУ се разговара за санкции против руските енергетски извори како одговор на инвазијата врз Украина, снабдувањето на енергија на Европа за греење, мобилност, електрична енергија и индустрија во моментов не може да се гарантира на кој било друг начин“ рече Шолц.

Тој додаде дека Европа намерно ги исклучи енергенсите во првите санкции против Москва, бидејќи таквата мерка ќе го дестабилизираше пазарот и ќе имаше пресилно влијание на европската.

„Германија е меѓу оние земји од ЕУ кои се во голема мера зависни од увоз на гас, нафта и јаглен од Русија. Берлин работи на развивање алтернативи за руската енергија. Но, тоа не може да се постигне од денеска за утре“ – истакна Шолц.