
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија се подготвила за тешкотии поради недостигот на руски гас и е подготвена да ја помине зимата без прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Тој рече дека Владата донела одлука за продолжување на работата на термоцентралите и нуклеарните централи и додаде дека се полнат складишта за гас и дека се градат терминали преку кои ќе се прима течен природен гас (ЛНГ).
Германија доби околу 60 милијарди кубни метри природен гас преку гасоводот Северен тек 1 во 2021 година.