Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска отпатува во тридневна посета на Кина. Покрај Пекинг, Шолц ќе ги посети и градовите Чонгкинг и Шангај.
Шолц ќе се сретне и со кинескиот претседател Си Џинпинг.
Кина е најважниот трговски партнер на Германија, па Шолц ќе биде придружуван од десетина менаџери на водечки германски компании. Во германската делегација се и министерот за земјоделство Џем Оздемир, министерот за транспорт Фолкер Висинг и министерката за животна средина Штефи Лемке.
Тоа е второ патување на Шолц во Кина откако ја презеде функцијата кон крајот на 2021 година.