Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека договорот на Г7 за користење на замрзнати руски профити во вредност од околу 50 милијарди долари покажува дека „богатите индустриски земји остануваат посветени на Украина и две години по почетокот на војната“.
„Ова е многу јасна посветеност што треба да ги охрабри Украинците да го направат она што е неопходно за да ја одбранат својата независност и суверенитет“, рече Шолц, според Ројтерс.
Тој додаде дека договорот е „јасен сигнал“ за рускиот претседател Владимир Путин и оцени дека неговиот план да чека да заврши поддршката на меѓународната заедница за Украина не успеа.