Првата светска тенисерка во моментов – Ешли Барти од Австралија на 25 години реши да се „пензионира“ од тенисот.
Очекувањата беа Австралијката да доминира наредните години, но Барти го изненади спортскиот свет.
Таа е актуелен шампион на „Австралија опен“, а лани го освои „Вимблдон“. Триумфираше и на „Ролан Гарос“ во 2019 година.
„Среќна сум и подготвена да го направам тоа. Знам дека во овој момент во моето срце, за мене како личност, ова е правиот поте“ вели Барти.
Единствениот Грен слем кој Барти не успеа да го освои е „УС Опен“, каде што нејзиниот максимум беше четвртото коло.
„Не бев сигурна како да ја споделам оваа вест со вас, па го замолив мојот добар пријател (поранешната тенисерка Кејси Делаква) да ми помогне. Благодарна сум за се што ми даде овој спорт и се чувствувам горда и исполнета. Ви благодарам на сите кои ми помогнаа. Секогаш ќе бидам благодарна за животните искуства што ги создадовме заедно“ – вели Барти која појасни дека има други цели во животот.
Нејзиниот учинок во кариерата е 305 победи и 102 порази. Во релативно кратката спортска кариера заработила безмалку 24 милиони долари.
https://www.instagram.com/tv/Cbbbr7xBX7N/?utm_source=ig_web_copy_link