Шок за Надал во Синсинати
Хрватскиот тенисер Борна Чориќ направи големо изненадување и го елиминира Рафаел Надал во второто коло на Мастерсот во Синсинати.
Чориќ славеше по три сета и речиси три часа игра – 7:6, 4:6, 6:3.
Хрватскиот тенисер одигра одлично во првиот сет, не му дозволи на Надал брејк топка, па мечот беше решен во тај-брејк.
Шпанецот имаше две сет топки во тај-брејкот, но не ги искористи, за разлика од Чориќ, кој го постигна третиот сет-топ и поведе во сетови.
Во вториот сет Надал ја искористи првата брејк топка на мечот, поведе со 4:3, го сочува водството и израмни.
Еден брејк беше забележан и во третиот сет. Овој пат на пауза стигна Чориќ, кој потоа забележа голема победа.
Ривал на Чориќ во следната рунда ќе му биде Роберто Баутиста-Агут.