Шкријељ: Одговорност на секој политички субјект е дали ќе го поддржи процесот на пристапување на нашата земја кон ЕУ

Реконструирана влада, зголемено парламентарно минимално мнозинство, што може да донесе триото Ковачевски Таравари и Ахмети? – на оваа тема разговор ќе имате можност да слушнете со Санела Шкријељ (СДСМ) во денешното издание на Трилинг.

,,Да не наметнуваме тези дека е возможно да се направат смени во преговарачката рамка или да се обезбеди подобра позиција затоа што тоа не е така’’ – истакна таа.

,,Наша обврска како јавни фунционери, како тие кои имаат пристап до најмоќното орудие, а тоа е говорницата во Собрание, имаме обврска да некој начин да едуцираме, да пренесуваме пораки, кои што ќе значат подобра кохезија на македонското ткиво, а не пораки кои што значат подигнување на меѓуетнички тензии, говор на омраза спрема етнички групи, жените или пак ЛГБТ заедницата” – потенцираше Шкријељ.

На прашањето дали смета дека до крајот на годината ќе успеат да ги реализираат уставните измени таа возврати:

,,Она што сега треба во најскоро време да почне е тој дијалог, не само помеѓу власта и опозицијата, вклученост на сите општествени чинители да се исцртаат уставните измени и таа постапка ќе почне. Сепак ќе биде одговорност на секој политички субјект и на секој пратеник дали ќе донесе таква одлука, да го поддржи процесот на пристапување на нашата земја кон Европската унија или не.”

На прашањето дали е политички лицемерно до вчера да се зборува дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ е корумпирана, за Таравари, денеска да седи заедно со  на иста маса со Ковачевски и Ахмети таа одговори:

,,Јас не би можела да зборувам за лицемерие во политиката, бидејки секогаш во неа кога политичките субјекти ќе си го најдат интересот ги прават тие договори.Подеднакво лицемерно беше лицемерен и неуспешниот обид за формирање на тоа парламентално мнозинство каде што видовме чуден сспој на ликови и лидери на политички партии на таа слика” – вели таа.

Шкријељ истакна дека во однос на застапеноста на жените во Собранието навистина имаме голем исчекор и смета дека се лидери во регионот.