„Вие сте кукавици, ксенофоби и криминалци, можете да викате и да се заканувате колку сакате, ние ќе продолжиме по европскиот пат кон ЕУ при тоа, зачувувајќи го македонски јазик и сите особености на македонскиот етнички идентитет“ им се обрати пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ на колегите од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
„Преговори за влез во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик не е асимилација, асимилација е да им ја одземете иднината на илјадници млади да бидат принудени да вадат пасоши од други држави на ЕУ за да можат да ги користат придобивките од Унијата“ – порача таа.
Истакна и дека претседателката на Европската комисија од говорницата во Собранието ги разобличи сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ.
„Лично претседателката на Европската комисија од оваа говорница потврди дека имаме почеток на преговори веднаш, чист македонски јазик и билатерални прашања надвор од преговорите“ порача пратеничката Шкријељ.